Skip to content Skip to footer

Складиште за дигитални образовни активности Ifigeneia

Грција’s Docs Складиште за дигитални образовни активности Ifigeneia

Ifigeneia, „библиотека на образовни активности“, содржи едукативен материјал за искористување на дигиталните технологии во образовниот процес. Тоа може да биде особено корисна алатка за обучувачите и професорите кои учествуваат во Програмата за обука на професори за напредни, Б-ниво за ИКТ, за пронаоѓање дигитален едукативен материјал (образовни активности/сценарија) за спроведување на практична обука/примена на програмата за обука во училница.

Во оваа библиотека, професорите имаат можност да „поднесат“ материјал (сценарија за едукативни активности и придружен материјал), означувајќи го со соодветни метаподатоци (на пр. Автор, права, софтверски јазик итн.) и да пребаруваат материјали преку сложени критериуми за пребарување.

Структурата/организацијата на библиотеката се заснова на следните критериуми: специјализација на наставникот, степен на образование, одделение, училишен предмет, поединечни целини на курсот. Образовните активности се „депонирани“ во оваа библиотека во форма на „едукативен пакет“, кој вклучува опис на образовно сценарио, работни листови за ученици и други датотеки, доколку е потребно, за примена на горенаведеното образовно сценарио во училницата или во случај на онлајн настава.

Исто така, можно е да се вклучи и друг материјал, според проценката на креаторот или, поопшто, од професорот кој ја „депонира“ воспитно-образовната активност, или матерјал ко е неопходен за спроведување на оваа активност во училницата или е соодветен да да се сподели со потенцијалниот корисник-професор.

„Образовниот пакет“ не ги вклучува алатките или насловите на образовниот софтвер што се користи. Проектот претставува краудсорсинг во образованието, со фокусирање на дигитален образовен материјал и активности и примена на дигитални алатки. Дигиталната платформа на проектот е типичен пример за алатка која се користи во краудсорсингот за поделба на работата помеѓу учесниците за постигнување на зголемени резултати.

Кога ќе се земе во предвид дека платформата служи како место за дигитални образовни ресурси за употреба во училницата носи директна важност за ENTICING кое ќе го надополни ENTICING курсот и воедно ќе служи како онлајн продавница на едно место која ќе овозможува пристап до голем број на релеватни информации како и добри практики и иницијативи во дигиталниот краудсорсинг.

Вид на практика/Студија на случај Национална иницијатива, Платформа, Веб-страница, Складиште
Година на спроведување во тек
Jaзик грчки
Цел професори, студенти, истражувачи, воспитувачи
Забелешки/други коментари “Ifigeneia” е специјално место за дигитални едукативни активности создадено од грчкиот Институт за компјутерска технологија и печатот „Диофантус“ (CTI) за поддршка и дополнување на проектот „Обука на наставници за време на работа за користење и примена на дигитални технологии во наставната практика” (Програма за обука на наставници за ИКТ на Б-ниво). CTI е најсовремена организација надгледувана од грчкото Министерство за образование. CTI е технолошкиот столб за поддршка на ИКТ во образованието; тој е одговорен за објавување на печатени и електронски материјали и за администрацијата на Грчката училишна мрежа. Меѓу неговите главни цели е спроведување на основни и применети истражувања во ИКТ.

 

http://ifigeneia.cti.gr/repository/

Discussion (0)

There are no comments for this doc yet.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Default
  • Dark