Кроудсорсинг во грчкиот парламент – Vouliwatch
Vouliwatch е независна, непрофитна иницијатива за отворена влада, која ја подобрува транспарентноста и одговорноста и промовира демократско учество преку дигитална технологија. Vouliwatch е меѓу 5-те најпопуларни платформи за политички иновации на меѓународно ниво. Vouliwatch ги следи, снима, анализира и ги презентира на лесно разбирлив начин гласањата што се случуваат во Собранието и информира во реално време за парламентарните вести.
Поконкретно платформата ги нуди следните опции на корисниците:
- Јавно испрашување („Прашајте го вашиот пратеник/пратеничка“): Во модерирана платформа, граѓаните можат јавно да поставуваат прашања и да добиваат јавни одговори од пратениците и европратениците. За да се спречи злоупотреба на платформата, сите прашања на граѓаните и одговорите на политичарите се проверуваат според објавениот кодекс на однесување кој е усогласен со принципите на етика на отворена влада.
- Votewatch: Оваа апликација им овозможува на корисниците да го следат гласачкото однесување на секој пратеник и обезбедува детални информации за секој предлог-закон поднесен за гласање.
- „Policy Monitor“ („спореди партиски позиции“): Policy Monitor е дигитална алатка која им овозможува на нашите корисници да научат и да ги споредат позициите на главните политички партии за одредени прашања. Исто така, им дава можност да ги коментираат овие позиции и да предложат различни пристапи.
Vouliwatch развива акции за транспарентност, отворена влада и пристап до информации од јавен карактер, во Грција и во странство, преку информативни кампањи и лобирање на одговорните, како и преку учество на предавања, работилници и настани.
– Иницијативата претставува краудсорсинг во јавната политика, што се користи за пронаоѓање на нови сознанија, информации како и граѓански инцијативи. Платформата може да служи како технолошки овозможувач што може да ја зголеми брзината и леснотијата на учество и идеално како алатка за политика или средство за копродукција.
Овој пристап, исто така наречен „пребарување од страна на граѓаните“, често се користи за да се постигнат задачи од големи размери, да се најдат решенија за проблеми или да се соберат информации. Неговиот потенцијал како механизам за решавање проблеми произлегува од фактот што и првобитниот креатор на процесот на решавање на проблемот и учесниците во процесот (граѓаните), имаат взаемна и заедничка корист.
Вид на практика/Студија на случај | Национална иницијатива, веб-страница |
Jaзик | англиски, грчки |
Цел | пошироката јавност, политичарите, пратениците во парламентот |
Забелешки/други коментари | Vouliwatch е резултат на долгогодишна соработка помеѓу група луѓе кои работеле во национални и европски политички организации, комуникација и дигитални иновации. Сите членови на тимот веруваат во моќта на новите технологии и нивната поврзаност со функционирањето на парламентите, со цел да се подобри квалитетот на законодавната работа преку засилено учество на граѓаните. |
Дискусија (0)
Сè уште нема коментари за овој документ.