Skip to content Skip to footer

БЕЛЕШКИТЕ НА ДЕЈВИ

Обединето Кралство’s Docs БЕЛЕШКИТЕ НА ДЕЈВИ

Краудсорсинг проектот, хостиран на платформата ZOONIVERSE бара помош за препис на белешките на Сер Хемфри Дејви – една од најзначајните и најпознатите личности во научната и книжевната култура од почетокот на деветнаесеттиот век во Британија, Европа и Америка. Во своите белешки, Дејви не ги гледа уметностите и науките како „две култури“.

Во овие ракописи, гледаме спој на поезија и хемиско истражување: и едното и другото на Дејви му дале важни начини за истражување на мистериите во светот околу него. Содржината на страницата е релевантна за хуманистичките науки а соработниците имаат улога на истражувачи: додаваат коментари, описи и сите потребни метаподатоци за секој дигитализиран објект (фотографии од страници од дневници).

Вид на практика/Студија на случај истражувачки тим од Катедрата за англиска книжевност и креативно пишување, Универзитетот Ланкастер, Универзитетскиот колеџ во Лондон, Универзитетот во Манчестер. Тоа е проектна алатка за собирање на луѓе во Zooniverse.
Година на спроведување во тек
Јазик англиски
Цел општа јавност и научниците

 

https://www.zooniverse.org/projects/humphrydavy/davy-notebooks-project/about/research

Discussion (0)

There are no comments for this doc yet.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Default
  • Dark