Re-Brain Грција
Rebrain Greece е „интер-министерска интердисциплинарна доброволна иницијатива за технолошка трансформација на пазарот на трудот и спречување на одливот на мозоци“. Нејзините одговорности вклучуваат, меѓу другото, водење на соодветна јавна политика за спречување на одливот на работници и научници во трети земји и усвојување политички мерки за приспособување на работниците на новата технолошка и економска средина. Работи со портал и дигитална платформа за консултации, создадена од грчката фирма CrowdPolicy во соработка со грчкото Министерство за труд и социјала и е дизајнирана за имплементација на доверливи апликации на интерактивни информации и консултации со јавноста (Crowdapps).
Платформата служи и како информативен портал и како платформа за консултации и формулирање на јавни политики (краудсорсинг). Неговата главна цел е да ја информира јавноста за планираните акции на ReBrain Greece. Работи во комбинација со промотивни активности преку социјалните медиуми и информативните билтени од конференции и работилници. Обезбедени се дополнителни технички можности, како што е развојот на апликација за дигитален асистент Chatbot, чија цел е интерактивност и ефективна услуга на посетителите и засегнатите страни на порталот и платформата за консултации. Меѓудругото вклучува и обука на работното место и услуги за техничка поддршка. Покрај тоа, платформата служи како форум за дигитални натпревари за прашања од национален опсег/важност, каде тимови од научници, експерти или нивни групи кои можат да учествуваат со поднесување конкретни технички предлози во процес на евалуација од комисија на високо ниво. Тоа е, исто така, место на регистрација и поврзување на Грците кои сакаат да се вратат во Грција, и на бизнисите заинтересирани за екипирање на специјализирани специјалности и професии кои сега се откриени.
Иницијативата претставува краудсорсинг во јавната политика, што се користи за пронаоѓање на нови сознанија, информации како и граѓански инцијативи. Платформата може да служи како технолошки овозможувач што може да ја зголеми брзината и леснотијата на учество и идеално како алатка за политика или средство за копродукција. Овој пристап, исто така наречен „пребарување од страна на граѓаните“, често се користи за да се постигнат задачи од големи размери, да се најдат решенија за проблеми или да се соберат информации. Неговиот потенцијал како механизам за решавање проблеми произлегува од фактот што и првобитниот креатор на процесот на решавање на проблемот и учесниците во процесот (граѓаните), имаат взаемна и заедничка корист.
Вид на практика/Студија на случај | Национална иницијатива, Платформа, Портал, Веб-страница, Алатки, Апликации |
Година на спроведување | 2020 (во тек) |
Jaзик | грчки |
Цел | Јавност, научници, истражувачи, експерти, академска заедница, професионалци |
Забелешки/други коментари | Rebrain Greece, заедничка иницијатива на повеќе од 20 високостручни тела со 40 научници, експерти, универзитетски професори и истражувачи, е основачка членка на Европското дигитално општество и работи како советодавна и институција за поддршка на грчкото Министерство за труд. Со поддршка на мрежа од универзитети, истражувачки институти, општини, научни институции на социјални партнери и други организации, Rebrain Greece има за цел првенствено да формулира паметни јавни политики за пазарот на трудот. Меѓу другото, тековните проекти се однесуваат на невработеноста на младите, агро-дигиталното претприемништво и пилот проектот „ГРЦИЈА… ПОВТОРНО!“ за репатријација на Грци со високи научни квалификации. |
https://platform.rebraingreece.gr/
Discussion (0)
There are no comments for this doc yet.