Фотодентро дигитално складиште за едукативен материјал
„Photodentro/users’ e-material“ е „Репозиториум на образовен материјал за основно и средно образование од неговите корисници“. Тоа е едно од складиштата на „семејството“ Фотодентро на грчкото Министерство за образование и верски прашања. Во оваа дигитална платформа, професорите и членовите на пошироката образовна заедница можат да објавуваат свои предмети за учење или да бараат предмети за учење на други корисници. Ова складиште има за цел да акумулира предмети за учење (т.е. автономни и повеќекратни единици на дигитален материјал што може да се користи за настава и учење), како што се експерименти, интерактивни симулации, веб-потраги, слики, едукативни игри, 3D мапи, вежби, едукативни сценарија/планови за лекции, итн., кои се развиени од членови на образовната заедница кои сакаат да ги направат достапни за другите членови.
Целта е да се создаде активна заедница за развој на дигитални образовни содржини, каде што професорите (по име и преку јавен профил) ќе објавуваат и споделуваат свои дигитални образовни содржини, ќе ги оценуваат другите и ќе разменуваат мислења. Проектот претставува краудсорсинг во образованието, со фокусирање на дигитален образовен материјал и активности и примена на дигитални алатки. Дигиталната платформа на проектот е типичен пример за алатка која се користи во краудсорсингот за поделба на работата помеѓу учесниците за постигнување на зголемени резултати.
Кога ќе се земе во предвид дека платформата служи како место за дигитални образовни ресурси за употреба во училницата носи директна важност за ENTICING кое ќе го надополни ENTICING курсот и воедно ќе служи како онлајн продавница на едно место која ќе овозможува пристап до голем број на релеватни информации како и добри практики и иницијативи во дигиталниот краудсорсинг.
Вид на практика/Студија на случај | Национална иницијатива, Платформа, Веб-страница, Складиште |
Година на спроведување | во тек |
Jaзик | грчки, англиски |
Цел | професори, студенти, истражувачи, воспитувачи |
Забелешки/други коментари | „Фотодентро“ е грчки национален агрегатор на образовни содржини за основно и средно образование. Тоа е централна е-услуга на грчкото Министерство за образование за унифицирано пребарување и дистрибуција на дигитални образовни содржини во училиштата. Отворен е за сите: ученици, професори, родители и сите заинтересирани. Фотодентро ја промовира употребата на отворени образовни ресурси (ООР) за училиштата, спроведувајќи ја националната стратегија за дигитални образовни содржини. Целиот материјал достапен преку Photodentro е слободно достапен, под лиценцата Creative Commons CC BY-NC-SA или со друга слична, поотворена лиценца. |
Discussion (0)
There are no comments for this doc yet.